Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Со трибината „Остварувања и предизвици“, „Спона“ го завршува проектот „Паралели и синтези“

Со трибината „Остварувања и предизвици“ што ќе се одржи денеска, Српскиот културно-информативен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со трибината „Остварувања и предизвици“ што ќе се одржи денеска, Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го завршува проектот „Паралели и синтези“.

На трибината ќе се отворат прашања за присуството на македонската книжевност во Србија и за српската во Македонија, начинот и квалитетот на пласирање на изданијата, одгласите на критиката, достапноста до читателите и нивниот интерес, како и за претстојните предизвици. Модератор ќе биде Иван Антоновски, којшто ги модерираше и книжевните средби и работилници во рамките на проетот „Паралели и синтези“, а осврт на оствареното ќе даде програмскиот директор на „Спона“, книжевникот Милутин Станчиќ.

Учество најавија македонските автори: Венко Андоновски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Иван Џепароски и Фросина Пармаковска, како и новинарот Тони Димков, а свое учество како преведувач ќе земе и Сашо Огненовски. Од Србија ќе учествуваат: Мирко Демиќ, Марица Гроздановиќ-Милошевиќ, Милутин Ѓуричковиќ и Јелена Макевиќ, лекторка по српски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. 

Реклама

На настанот ќе бидат изложени и плакати од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност во Република Србија“.

Во фокусот на циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези“: Рецепцијата на современата македонска книжевност во Република Србија“ беа дела од осум современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик.