Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Со симптоми на корона, седат дома, а нема кој да ги прегледа

Ниту знаат дали имаат корона, оти биле во контакт со заболени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту знаат дали имаат корона, оти биле во контакт со заболени од вирусот, ниту пак некој им кажува што треба да направат во самоизолација, иако имаат симптоми на Ковид 19. Мојот соговорник кој бил во контакт со заболен, три дена седи дома, а од вчера веќе и со висока температура и болки во гардите, за Алфа сведочи дека никој не дошол да му земе брис за да се утврди дали и тој е позитивен на вирусот, единствено вели дека има контрола од полицијата.

-Во самоизолација сум веќе трет ден, редовна полициска контрола имаме три пати во денот. Сам се пријавив дека сум бил во контакт со заболено лице.  Од вчера осетив влошување на состојбата и симптоми на болеста значи треска, грозница, болки во грло, во гради. Вечерта ми се влоши состојбата уште повеќе качив температура уште поголема, главоболката ми стана поголема се јавив повторно и ми рекоа утре доколку имаме слободни тимови ќе издејствуваме начин да ве видат, ако не некако ќе ве упатиме да одите да се проверите во Жан Митрев – вели мојот соговорник.

Сакате да ми кажете дека до сега не сте тестирани од Институтот за јавно здравје ? – прашав.

Реклама

-Се уште не. Се уште не веќе втор ден сум со симптоми, телефонските броеви им се 90% зафатени, значи вртиме по 40 минути – вели тој.

Ова не е единствениот случај, лица сведочат дека и покрај завршената изолација никој не ги тестирал. Ова ни го раскажа наш гледач кој е во групата позитивни на вирусот, а се тестирале во приватна болница. Тој пред две недели се вратил од странство првично немал никакви симптоми, седел дома но со денови никој од Институтот не го тестирал, па морал по изолацијата да оди сам до приватната болница каде излегол позитивен на вирусот. Бидејќи живее надвор од Скопје, патувал со автобус до главниот град.

Дури 17 кои тестовите ги направија во приватна клиника, излегоа позитивни на Ковид 19. За едно деноноќие бројката на заболени во државата е покачена скоро 50 отсто. За сведоштвата на нашите соговорници.  Министерот Венко Филипче одговори, дека последните два дена се создал метеж, ама во текот на денот ќе ги контактирале сите кои се јавиле дека имаат симптоми и веќе од утре ќе им биле земени брисеви. Од понеделник пак ќе биле активирани два пункта за земање брисеви, а закажувањето ќе оди телефонски преку системот мој термин.

Катерина Гетева