По ребалансот на буџетот, дел од градоначалниците, би знаеле дали повторно ќе ја активират постапката за издавање на општинска обврзница. Понатомошните планови за реализација на капитални проекти ќе зависат од средствата што ќе им ги доделе централната власт.
- „Со предвидениот ребаланс се придвидува општините да добијат финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти , јас сум убеден дека голем дел од предвидените покрупни проекти коишто се во насока во подобрување на инфраструктурата на локално ниво ќе бидат опфатени со буџетот од државата, односно со поддршката која е најавена од централната власт„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Со ребалансот на буџетот се овоможуваат 100милиони евра за директна поддршка на општините, а на почетокот од наредната година ќе може да аплицираат и за средства од унгарскиот заем во висина од 250 милиони евра. Според градоначалниците за Штип, се предвидени 6милиони евра, а за Виница, помош која ќе биде 4 пати повисока од моменталниот буџет што го имат за капитални инвестиции.
- „Премиерот најави голема помош за општините за решавање на инфраструктурните проблеми. На пример за Виница, се планирани околу 2милиони евра на годишно ниво, што преставува една сума којашто споредено со капиталните инвестиции којшто општината ги има од сопствениот буџет од 30милиони денари, значи 4пати поголем буџет за реализација на капитални проекти„ изјави Миле Петков, градоначалник на Виница.
Градоначалниците, веќе направија план како да се потроши ветената помош. Во Виница ќе се уредува кејот на Виничка река, а се планираат и реконструкција на локалниот патишта и улици. Во Штип пак ќе се реконструира влез на градот, ќе се градат нова обиколница, како и мост на река Брегалница. Инаку Штип беше меѓу првите општини која од претходната власт побара да им биде одобрена општинска обврзница, но поради технички грешки беше одбиена. Виница пак доби структурна обврзница. Иако тогаш бараа 12, добија само 2.600.000 денари. Парите беа наменети за подмирување на доспеани обврски наследени од претходното раководство…

Александра Ристевска
