Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Со многу пркос, непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со многу пркос, непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот пред општинската зграда започна палењето на маските, чин со кој што практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја отсликаа македонската реалност. Огнот ја стопи топката на Артан Груби кој се појави и заигра фудбал со поранешни министри Бесими и Шаќири, изгоре и куферот од Државната лотарија, го зафати и бугарскиот администратор, а го снема и црвеното ферари на екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Ова беа највпечатливите маски кои продефелираа на на годинешната отворена сцена. Палењето на маските е ритуал кој се применува последните 3 децении,појаснуваат хроничарите.

„На 14-ти јануари некаде претпладне се поминуваат сите куќи каде што домаќинот го носи името Василиј.Горномалските и долномалските друштва поминуваат по некој свој редослед и сето завршува со традиционално василичарско оро на сред село и еден наметна ритуал палење на маските.Тоа ние како василичари не го викаме палење на маските, туку ослободување од тој товар што се носи два дена и некој во годините зел кибрит и ги запалил”-вели хроничарот  Сашо Бетоски

„Тоа е понов обичај кој е прифатен и се практикува веќе одредено време.Палењето на маските симболизира победа над злото и новата година започнува со добрина и со убава мисла,бериќет и здравје” -вели Александра Велкоска. туризмолог

Реклама

Дел од впечатливите карневалски маски се изложени во конаците на Горна и долна маала, некои од нив се стари и по 20 години. Инаку, најстарата карневалска традиција кај нас е карактеристична по уникатните маските кои се држат во тајност и непредвидливиот креативен дух на василичарите. Откако постои Вевчани, од тогаш постои и карневалот. Се маскираат 40 проценти од населението, а карневалот трае цели 48 часа. Со топла ракија и греано вино, лесно се издржува, велат вевчанци. Славејќи го големиот Свети Василиј се масикираат и вевчаниците кои се далеку од своите огништа, со цел да се зачува традицијата и да се овековечат спомените низ фотографии.

Росица Голабоска