Реклама
Македонија

🎥 Со новиот закон не се удира само по коцката, туку и по други пороци како алкохолизмот и зависноста од дрога

Беспарицата, тешката жвеачка, распадот на системот во последните 10-тина години придонесе во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беспарицата, тешката жвеачка, распадот на системот во последните 10-тина години придонесе во Македонија да царуваат коцката, но и алкохолизмот и употребата на дрога. Интересно е што според статистиката, жени со пороци има повеќе и од мажи, само што разликата е во тоа што жените се кријат по дома, а мажите го прават тоа јавно. Во ново отворениот оддел за лекување на зависности при Клиниката за психијатрија, психолозите и психијатрите имаат полни раце работа. Термините таму се пополнуваат со месеци однапред. И покрај тоа што проблемот со зависноста од вакви пороци не е нова, таа се влошува за време на короната, кога драстично се зголемува бројот на луѓе кои заглавиле со коцка. А,  овој порок честипати е поврзан и со алкохол и дрога поради проблемите коишто му се натрупуваат на зависникот.

Иако народот верува во онаа народната дека од коцка, никој не се излечил, доктор Арсова негира. Вели – тешко е, но, со соодветна терапија, лекови и психолог, како и со поддршка на семејството на зависникот, на долги стази има решение.

Владата во моментов се обдиува преку нов закон да расчисти со дел од оваа колективната катастрофа. Усвоено е новото законско решение со коешто се стега обрачот околу коцкарниците. Преку новиот закон, ќе се забранат рекламите за коцкање и обложување, и вендаш ќе се отсранат илјадници слот апарати. Најголемата промена е што на 500 метри од училиштата нема да смее да има коцкарници и обложувалници, а исто така од сег за секој објект ќе се вади посебан лиценца, а не како досега со една дозвола стотина кладилници. Досега се затворени 200 нелегални онлајн страници за коцкање, кои нудеа услуги во Македонија. Очекувањата се дека со овој закон коцкањето ќе се намали за цели 70 проценти.  

Реклама

Сепак, социологот Илија Ацевски вели дека проблемот треба да се решава во корен, односно да се обрне внивание и на образовниот систем за на долгорочен плав да има видливи резултати.

Новото законско решение и пречи на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа. Оттаму апелираат до Владата новиот закон да не влезе во собраниска постапка. Тврдат дека дислокацијата на казината е параван за клуч на врата на легалните објекти за игри на среќа. Негодуваат и за намалената големина на светлечки реклами. Велат дека со вкупно 10 илјади вработени тие биле најголемиот приватен работодавец во државата.