Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Со лисици дојде во суд, со лисици замина во Шутка: Васко Стефанов и уште седум лица добија 30 дена притвор за криминали во ЕСМ

Со лисици влезе во суд, со лисици замина во Шутка. Поранешниот директор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со лисици влезе во суд, со лисици замина во Шутка. Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов и уште седум осомничени за криминал вреден 6 и пол милиони евра добија 30 дена притвор, за еден е определен куќен притвор, за 13 мерки на претпазливост. Се сомничат за злоупотреби при јавни набавки и перење пари.

За органите на прогонот се уште недостапен е поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачески. Од Обвинителството соопштија дека тој во моментов е последно осмничен за овој случај, не се терети дека учествувал во организиран криминал. Ковачески е во бегство, според неофицијални информации во главниот град на Австрија, Виена. Во отсуство, судот за него определи мерки на претпазливост.

-Надлежниот Јавен обвинител достави  предлог за определување мерки за претпазливост, односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и Забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон.  Јавноста треба да биде запознаена дека согласно Законските одредби судија на претходна постапка не може да определи построги мерки за обезбедување присуство од мерките кои ги предлага Јавниот обвинител, соопштија од Кривичен.

Реклама

Во случајот со кодно име „адитив“ 23-ца се сомничат дека создале група која во период од април 2023-та до август годинава, правела кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Матеја Петровски