Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Со фалсификат документи до директорска позиција – како Мерко назначувал директори на училишта?

Со амин на градоначалникот Рамиз Мерко,Егзона Шеи едно по друго во два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со амин на градоначалникот Рамиз Мерко,Егзона Шеи едно по друго во два мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во основното училиште во Велешта иако не ги исполнувала условите како во поглед на потребното работно искуство така и во поглед на нејзината наобразба.На денешното рочиште од судскиот процес,државниот просветен инспектор Наташа Пинтоска сведочеше дека при вонредниот инспекциски надзор извршен на 01.12.2022-ра констатирала дека тогаш актуелната директорка Егзона Шеи иако немала завршено високо образование,била примена на работа и со средно образование држела настава по различни предмети со различен број на часови.Таа приложила дипома за завршено високо образование на 01.04.2020-та година кога веќе била унапредена во в.д. директор, но според наведеното во обвнителниот акт, јавното обвинитество ја сомничи дека приложила 3 фалсификувани исправи кои ги користела за полагање стручен испит во државниот испитен центар.

  • “Ако немавме доволно докази немаше да се поднесе обвинението. Јас барав постапката да не се одолговлекува со оглед дека бранителите одат на тоа да се одолговлекува постапката за застарување, по мое мислење” вели Џенал Лога заменик основен јавен обвинител Струга

За директорувањето со училиштето во Велешта покрај директорката Егона Шеи на обвинителна клупа друштво и прави Рамиз Мерко и уште други двајца вработени во уличиштето кои не само што несовесно работеле туку правеле и фалсификати.Сите четворица се изјаснаа дека не се чувствувале за виновни.Адвокатите на обвинетите обвинуваа за тендециозоно водење на постапката што предизвика тензија во судницата.Инаку неизвесно е кога ќе продолжи судскиот процес затоа што судијата Јурдан Јованов е прераспределе во струшкиот суд до 5 септември

  • “Овде има предмети кои треба да се завршат, најубавни би било тој што ги почнал да ги заврши и затоа јас ќе се обратам да можеме да има континуитет во предметите”- вели судијата Јордан Јованов

Според обвинението, Рамиз Мерко незаконски поставил в.д. директори на четири основни училиштата.

Реклама

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски