Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Со Бадникови поворки и посна трпеза стружани го дочекуваат Христовото раѓање

Во кругот на семејството, со богата посна трпеза и молитва стружани го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кругот на семејството, со богата посна трпеза и молитва стружани го слават Бадник, денот пред Христовото раѓање. Денот почнува со празнична богослужба во храмовите, а потоа најмладите преку Бадникова поворка, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, одат низ улиците во градот најавувајќи го празникот и споделувајќи ја радоста за раѓањето Христово.

Лидија Николовска од организацискиот одбор на Бадниковата поворка во Струга годинава очекува околу 800 дечиња да учествуваат. Поворката, појаснува, ќе почне од дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“, поминува низ централното градско подрачје и завршува во црковниот двор.

– Чествувањето на празникот го почнуваме со света литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“. Многу се радувам што на поворката и претходи литургија на која дечињата се причестуваат, а потоа се собираме во црковниот двор од каде тргнуваме низ струшките улици. Поворката ќе се движи низ централното градско подрачје, преку Мостот на поезијата, по кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршискиот мост и Чаршијата и повторно се враќа во црковниот двор, појасни Николовска.

Реклама

Вечерта пред Бадник, односно на 5 јануари во доцните вечерни часови стружани собрани во групи одат со импровизирана пештера, различна од онаа на Бадниковите поворки, одат од куќа во куќа, пеејќи ја Дјева днес и стари струшки песни упатувајќи благослови за здравје и благосостојба на семејствата.

Во струшко се зачувани едни од најстарите бадникови и божикни песни кои се пеат и предаваат од поколение на поколение.

Отец Ристо Наумоски, парохиски свештеник во селото Враништа, раскажува дека по долгогодишните негови истражувања дошол до сознание дека старите струшки семејства Бадник го честувале со носење икона од Рождеството Христово, и пеејќи ја песната Дјева днес.

– Се распрашав и кај постарите жители на селото Враништа и тие ја имале истата традиција. Ние се вративме на нашиот македонско-словенски елемент на славење на Бадник со Бадникова поворка и пеење на песната Дјева днес. Целосно го запазивме струшкиот мелос со помош на демо снимки на поранешно пеење. Прво ја пееме Дјева днес, а потоа Вечниот бог и други песни исклучиво на нашиот начин, посочува отец Ристе.

Во ова струшко село, на Бадниковото утро децата најпрво присуствуваат на светата литургија, се причестуваат, а потоа со иконата од Рождество Христово поминуваат низ сите улици во селото каде се дарувани од мештаните.

Вечерта семејството се собира на трпеза со богата посна вечера подготвена со традиционални јадења. За разлика од другите краеви во Македонија кога бадниковата трпеза е збогатена со лепче со паричка, во Струга и струшко тоа се прави за празникот Свети Василиј или Стара Нова година.