Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Сојуз на борци: Додека вистинското градско архитектонско културно наследство пропаѓа Општина Тетово воскреснува објекти од Османлиската империја

Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува јавна реакција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува јавна реакција по најавата на Општина Тетово дека ќе се возобновува Саат кула од Османслискиот период, оценувајќи дека се развива погрешна политика во третманот на културното наследство во градот Тетово. Тие велат дека додека вистинското градско архитектонско културно наследство пропаѓа Општина Тетово воскреснува објекти од Османлиската империја.

-Во моментов ни пропаѓаат Старата пошта, заштитените куќи на ул. Кузман Јосифивски Питу, ул. Страшо Пинџур, ул. Радован Цониќ, Арабати Баба Теќето, фрескописот во црквата Св. Никола, а Центарот за култура ,,Иљо Антески Смок” особено во фасадниот дел е во очајна состојба, притоа се заканува рушење на култниот Ловец, а Монопол е речиси целосно срушен, фасадите на градскиот трговски центар и пазарот ги менува кој како сака, се префарбуваат муралите на Павле Кузмановски во јавните објекти…Општина Тетово ваквата очајна состојба во третманот на градското архитектонско и културно наследство го пресретнува со најава за подигнување на Саат кула, на местото на таква срушена кула од времето на Османлиите, велат во реакцијата од Сојузот на борци Тетово.

Според нив секоја совесна власт би алоцирала интервентен фонд или би вршела притисок на институциите за подобрување на состојбата и преземање на мерки за непосредна заштита.

Реклама

-Пред неколку месеци градоначалникот изјави дека хероите партизани се дел од темното минато. Прашуваме какво е минатото под османлиска власт? Од кога објекти кои потсетуваат на петте века проследени со насилна асимилација се вредни за славење и треба да даваат смисла на современо Тетово, во момент кога вистинското културно наследство се рони пред наши очи? Живееме во време на хипокризија, извитоперени светогледи, манипулативна кусогледа политика која ништо не решава туку се труди да ја потисне интелигенцијата од јавната сфера, се вели во соопштението на Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово

Тие ја повикуваат јавноста, политичките субјекти и особено членовите на Советот на општината да го прекинат молкот за важните прашања за градот.