Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Снегот го исчисти воздухот во Скопје

Скопјани денес можат да здивнат. Снегот кој синоќа наврна во главниот град,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани денес можат да здивнат. Снегот кој синоќа наврна во главниот град, значително го подобри квалитетот на воздухот и од најзагаден во Европа, го искачи Скопје на 64-то место на листата најзагадени градови во светот.

Ова го покажаа последните ажурирани податоци од платформата „Ај кју Ер“, која го следи квалитетот на воздухот на глобално ниво. Соред нив во метрополата забележливо е значително намалување на загаденоста и прочистување на атмосферата.

Податоците на Светскиот индекс за квалитет на воздухот исто така покажаа дека во изминатите 12 часа во поголемиот дел од градот од изутрината воздухот е добар до умерен. Чаир и Козле се местата каде е забележано намалување на ПМ честичките и квалитетот на воздухот се смета за задоволителен, а загадувањето е со мал или никаков ризик.

Реклама

Во Центар, Гази Баба, Карпош и Ѓорче воздухот е умерен и може да биде проблематичен само за оние со посериозни здравствени проблеми. Еден од најкритичните делови останува Лисиче каде концентрацијата на ПМ-10 честичките достигна 90.

И покрај ваквото подобрување, експертите предупредуваат дека ваквите промени се привремени и дека е потребно континуирано спроведување на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Премиерот Мицкоски неодамна најави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот и детален план чија крајна цел ќе биде чист воздух и здрава животна средина.

„Ние сме сега во потрага по партнери, кои што во основа на пазарни услови, а не на привилегирани како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со владата да вложат во систем за затоплување во нашите домови кои ќе биде резултат на согорување на природен гас. Да предупредам тоа нема да биде денеска, следната недеда да биде исчистен воздухот. Можеби за три четири години од денес. Бидејќи до сега ништо не е направено“, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Меџити ја претстави новата планска програма за почист воздух 2024-2030.

„Со анализите на Светска банка и УНДП и други релевантни институции ги знаеме точно причините зошто имаме таков воздух и работиме повеќе на отстранување на тие причинители“, рече Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање.

Инаку изминатиот период Скопје често се наоѓаше на листата на најзагадени места во светот, особено во зимските месеци, кога комбинацијата на грејната сезона и зголемениот сообраќај придонесуваа за високо ниво на загаденост. Токсичниот воздух кој го дишат со недели ги принуди скопјани да ги ограничат своите активности на отворено, особено кога вредностите на ПМ 10 честичките на мерните станици достигнаа опасни нивоа. Според досегашните истражувања се проценува дека загадувањето на воздухот придонесува за над 4000 предвремени смртни случаи годишно во Македонија. Според Институтот за јавно здравје, околу 20 отсто од сите смртни случаи годишно, се последица од загадениот воздух.