Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Македонија

Снаи и свекрви дел од културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“

Во дворот на црквата „Св. Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во дворот на црквата „Св. Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница денеска ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.

Манифестацијата ја организираат Општина Крива Паланка и здружението за рурален развој „Патник“ како една од најрепрезентативните и најавтентични симболи на нематеријалното културно наследство на кривопаланечкиот крај.

На манифестацијата учествуваат девојки кои склучиле брак во периодот меѓу двете Тодорови саботи кои ќе бидат придружувани од нивните свекрви облечени во традиционални народни носии. 

Реклама

Според информациите од локалната самоуправа пријавени се снаи и свекрви од Крива Паланка, Велес, Кочани и Скопје. 

Манифестацијата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.