Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Смртта на бебињата во прилепската и битолската болница останува мистерија

И по речиси три месеци од мистериозната смрт на новороденчето кое здраво-право…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по речиси три месеци од мистериозната смрт на новороденчето кое здраво-право се роди во прилепската Болница, а по една недела почина од сепса на Детската клиника во Скопје, истрагата си тапка во место. Несреќната мајка Лиле Петровиќ, се’ уште скршена од болка и тага по својата трета рожба, вели се’ помалку има надеж дека некогаш ќе ја дознае вистината за смртта на своето синче. Таа се сомнева дека и нејзиниот случај „ќе го покрие земјата“, како и многу други претходно.
„Ништо нема. Јас сега брзо, пред една недела бев и ми рекоа дека трае процедурата и ништо друго не ни одговорија. Јас прашав колку, ни рече дека ќе потрае. Мислам дека ќе го покријат случајот. Нема ништо, тоа е. Чекаме, сите ни ги затвораат вратите. Што можеме против нив, тие се власт, исто како со државата да се бориш“, – разочарано ни рече во телефонскиот разговор мајката Лиле Петровиќ.

Од ОЈО Прилеп не даваат конкретен одговор до каде е постапката и кога може да се очекува разврската. Оттаму само штуро ни кажаа.

  • „Медицинската документација е прибавена и се работи на случајот. Тоа е обемна процедура за која ќе биде потребно време. Во оваа фаза не можеме да кажеме и дали ќе има основи и за нечие кривично гонење“, – кратко ни одговори јавниот обвинител, Стевчо Биноски.

Во исто време, нерешен останува и случајот со битолското новороденче кое почина во април минатата година по само два часа од породувањето. Но, во тој случај чекор напред е направен во октомври кога дури по шест месеци од смртта, Судска медицина резултатите од вештачењето ги испрати во ОЈО Битола. За тоа до каде е овој случај, прашавме во републичкото ОЈО.

Реклама
  • „Предметот е во фаза на прибирање докази. Вештиот наод од Институтот за судска медицина е доставен до ОЈО Битола. Одбарната достави свои забелешки на вештачењето, по што, јавниот обвинител, со цел да се даде одговори на сите прашања, испрати барање за дополнително произнесување од Институтот за судска медицина. Се очекува одговорот од Институтот по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, – се вели во писмениот одговор од републичкото ОЈО.

Инаку, веднаш по смртта на новороденчето од Прилеп, ресорниот министер Фатмир Меџити рече дека нема да дозволи со случајот во Прилеп да се оцрнат белите мантили.

Каролина Дурло