Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Случајот со фирмите на Крмзов, чии пипци водат до екс-функционери се само увертира на што сè ќе се открива

Ниски температури – но жешка есен за истражителите и обвиителите кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниски температури – но жешка есен за истражителите и обвиителите кои ќе имаат полни раце работа. Претресите и истрагата за струмичката фирма блиска до Зоран Заев е само увод за случаите кои што ќе се отвораат наредниот период. Според најавите ќе бидат чешлани сите кои се огрешиле пред законот.

Вистинска одговорност, а не ветер во магла македонските граѓании очекуваа со години, коментираат експерти.

  • Тоа што сега започна како процес, е она што граѓаните на Република Македонија го чекаа со години и децении наназад. Сведоци сме на лошата приватизација, на криминалната приватизација, на тоа дека некои политичари ќе го бркаа октоподот, меѓутоа се тресеше гората се роди глушец. За прв пат предизборното ветување дека криминалот ќе се гони до крај и без пардон, без разлика за кого станува збор, без разлика кој на која позиција е почна да се реализира“ вели Воислав Зафировски – поранешен антикорупционер.

Фирмата на Крмзов која го отвори случајот „Криминална империја“, лотарија, младиот безнисмен во фамилијата Ахмети, злоупотребите на екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, неправилно доделувани народни пари од Фондот за иновации, незаконските пасоши во МВР, сомнежите за криминал за Еуро Виа која важи блиска до ДУИ се само дел од отворените истраги чиј епилог се очекува во следниот период. Најсомнителните остануваат да бидат злоутребите во државните електрани, набавките во РЕК Битола и јавните претпријатија.

Реклама
  • Длабоко верувам и дека и ОЈО, конечно ќе почне да работи и ќе почне да работи и да постапува она како што налагаат уставот и законите на Македонија“ вели Зафировски.

Најава дека само оваа есен ќе бидат отворени 10-тици истраги кажа и  премиерот Мицкоски.Министерот за внатрешни работи Тошковски во неколку наврати посочи дека за истрагите е потребно време, но со обезбедени докази за сторен криминал – сите кои работеле незаконски ќе се најдат пред лицето на правдата.