Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Случај “онкологија”: Болните од рак очекуваат одговорните да завршат зад решетки

Надежта последна умира. Болните од рак очекуваат дека конечно ќе има одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надежта последна умира. Болните од рак очекуваат дека конечно ќе има одговорност за скандалот “онкологија”.Откако јавното обвинителство откри дека до 31 јануари ќе има обвинение, за најголемата афера во македонското здравство, каде потврдено е дека пацинетите со канцер не биле соодветно лекувани, но и постојат сериозни сомнежи дека се препродавала скапата биолошка терапија на црно во сеседни земји очекувањата се дека вистината ќе излезе на  на виделина и конечно ќе се дознае кој се богател на грбот на најтешко болните.

“Не е изненадување за нас дека болните од рак биле несоодветно лекувани бидејќи бројките на метастазирани и запоставени пациенти е навистина голем.Скептични сме но сме надежни, и пак се враќаме на тоа дека не смееме како онколошки пациенти да немаме надеж.Што се однесува до Онкологија директорот покажува голем интерес да промени некои работи меѓутоа ќе оставиме до јануари да видиме дали нешто ќе се промени” вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

Одмотувањето на „клопчето“ наречено oнкологија на површина извади бројни сведоштва од пациенти кои се мачеле или се уште се мачат да стигнат до терапија и до прием на клиниката. Имаат проблеми со недостаток на терапија, но и се борат со системот – чекаат со месеци за магнет, ехо на дојка, пет скен, а се чека и за биопсија.

Реклама

“Гужвите, проблемите со термини не престануваат.И покрај информациите кои постојано ги добиваме дека се наоѓаат термини и дека има. Во нашите групи секогаш се истите жалби дека до термините се доаѓа многу тешко.Освен да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња во кои што ќе имаме подобра организација  друго не ни преостанува” вели Марјановиќ.

ОЈО вчера откри дека се гледа крајот на истрагата за скандалот.Обезбедени се две вештачења од Србија и Словенија.Во 16 медицински истории на болни со канцер кои се вештачеле во Србија е потврдено дека пацинетите не биле соодветно лекувани. А месецов се очекуваат и резултатите од словенечките вештаци. Дополнително се истражува и кражба на цитостатици.