Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Случај „Дардишта“: 11 уапсени, 33 осомничени за криминал тежок 7,6 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција

11 уапсени, 33-ца осомничени. Перење пари, злосторничко здружување, злоупотреби при јавни набавки.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

11 уапсени, 33-ца осомничени. Перење пари, злосторничко здружување, злоупотреби при јавни набавки. Бујар Дардишта од ДУИ и уште 32 други лица се сомничат за криминал тежок повеќе од 7 и пол милиони евра. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека е отворена истражна постапка, поради сомнеж за сериозен организиран криминал поврзан со јавни набавки во ЕСМ дистрибуција на топлина.

-За сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ во врска со „помагање“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ од КЗ, за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во врска со „поттикнување“ од КЗ, за „злосторничко здружување“, сооштија од ОЈО ГОКК.

Според наводите во истрагата, во текот 2023-та година, тројца службеници вработени во ЕСМ дистрибуција, заедно со четворица управители и сопственици на две приватни компании, формирале организирана група со цел изигрување на постапките за јавни набавки. На јавниот повик се пријавиле две правни лица- едно од Скопје, едно од Куманово.

Реклама

-Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствије овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 7.682.445 евра на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција, велат од ОЈО ГОКК.

Според Обвинителството, сите 33 лица се осомничени за кривично дело злосторничко здружување, при што седум се сомничат како помагачи или поттикнувачи за продолжено кривично дело злоупотреба на постапка за јавна набавка. 12 лица се товарат за продолжена злоупотреба на слоужбена положба и овластување, 20 лица се осомничени како соизвршители за перење пари и други приноси од казниво дело.

-Во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парични средства кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле парични средства во вкупен износ од 2.041.576 евра и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, сооштија од ОЈО ГОКК.

Акцијата била спроведена во текот на ноќта меѓу 17-ти и 18-ти декември и во текот на вчерашниот ден, на повеќе локации во Скопје и околината, Куманово, Неготивно, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани, под раководство на јавен обвинител и со учество на полициски службеници од одделот за организиран и сериозен криминал при МВР.

Матеја Петровски