Првата половина на јули, ќе се знае кандидатот за градоначалник на град Скопје, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Во владејачката партија се прават анкети, а во игра се повеќе кандидати. Меѓу нив и актуелни градоначалници на неколку скопски општини. Бобан Стефковски кој раководи со општина Гази Баба, потврди дека и неговото име е на листата.