Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата, најави Николоски

– Следната недела почнува реконструкција на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Следната недела почнува реконструкција на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба – најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес.  

–  Реконструкцијата ќе биде прва од овој тип од неговото градење.  До неодамна беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродрома да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата, што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис-делот да доаѓа во Скопје – истакна вицепремиерот Николоски соопшти Министерството за транспорт. 

Реклама

Николоски потсетува дека се работи на договор во авиосообраќајот со Саудиска Арабија и оти очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји. – Веќе поминавме протокол за договор со Саудиска Арабија, очекуваме следниот месец да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми – рече Николоски оценувајќи дека авиосообраќајот се развива значително во изминатата една и пол година и оти се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми.