Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Следната година треба да почне да се гради регионална депонија во светиниколско

Најдоцна до крајот на годината треба да биде распишан тендерот за изградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна до крајот на годината треба да биде распишан тендерот за изградба на регионална депонија  кај светиниколското село Мечкуевци, кадешто ќе се депонира отпадот од целиот Источен и Североисточен регион. Ова е крајниот рок, но постои оптимизам, дека тоа би можело да се случи и наредната недела, бидејќи како што велат од Министерството за животна средина, во моментот тече постапката за превод на тендерската документација. По потпишувањето на договорот, регионалната депонија треба да биде готова за две години

Потребно е да се инвестира во рехабилитација на патот којшто води до регионалната депонија и на тоа се работи. Се додека ние не покажеме дека имаме посветеност  и си ги извршуваме нашите задачи од којшто ќе зависи работењето на таа идна инсталација. Во меѓувреме ги усогласивме сите работи и  тендерот, се очекува во најскоро време да биде објавен„ изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина

Во меѓувреме проектот регионална депонија е во преоден период. Се работи на затварање и рехабилитација на старите депонии. 

Реклама

„Во овој преоден период  во рок од две години ќе има времени депонии каде што  ќе има навистина претовар или донесување на отпад од други општини, но тоа е само преоден период. Во Кочани, сега е сменета ситуацијата, изведувачот веќе работи таму и на рехабелитацијиа, такашто во конечната фаза ќе има едно централно место каде ќе има постројка и за третман и за одложување на отпадот, а депонијата во Кочани ќе се затвори конечно„ изјави Теофанис Лолос-директор на проектот

 Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди.    Проектот чини околу 40милиони евра, средства обезбедени од Европската Унија. 

Александра Ристевска