Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Славески: Нема да поднесам оставка, очекувам Парламентот на дневен ред да го стави изборот на нови вицегувернери

Гувернерот Трајко Славески денеска во изјава за медиумите, повикувајќи се на Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот Трајко Славески денеска во изјава за медиумите, повикувајќи се на Законот за Народната банка, рече дека одлуките на Советот се легитимни иако е истечен мандатот на двете вицегувернери Ана Митерска и Емилија Нацевска. Очекува Парламентот во следните денови или почетокот на април на дневен ред да го стави изборот на новите вицегувернери. 

– Прочитајте го став 3 од член 55 од Законот за Народна банка каде стои дека се до изборот на нови вицегувернери, постојните ги имаат сите овластувања. Ова прашање е апсолвирано. Чекаме на Парламентот во следните неколку денови, можеби на почетокот на април, да го стави на дневен ред прашањето за вицегувернери на Народната банка, изјави Славески во одговор на новинарско прашање дали се легитимни одлуките на Советот имајќи предвид дека е истечен мандатот на двајцата вицегувернери. 

Славески не ги откри имињата на кандидатите за оваа функција иако дел од медиумите објавија дека станува збор за досегашната вицегувернерка Ана Митреска која ќе добие втор мандат и за Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.

Реклама

Славески рече дека не чувствува одговорност и нема да поднесе оставка од функцијата.

Вчера, СДСМ на прес-конференција обвини дека мандатите на две вицегувернерки истекле уште лани, а постапката за нивен избор сѐ уште не е завршена, иако роковите биле одамна пробиени. Според СДС; гувернерот има директна одговорност за ваквата состојба.

Од Народната банка вчера одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: