Славески: Интеграцијата на Македонија во единствената област за плаќање во евра е историски исчекор
Интеграцијата на Македонија во единствената област за плаќање во евра покажува дека…
28.10.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Интеграцијата на Македонија во единствената област за плаќање во евра покажува дека целокупната економија е подготвена за предизвиците што ќе произлезат од делувањето во заедничката европска рамка. Ова е историски исчекор кон подлабока европска интеграција, што носи реални придобивки за граѓаните и за компаниите – за сегашните, но и за идните генерации, рече гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во своето обраќање на отворањето на шеснаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура.