Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива, ќе ве остави без леб

Арсовска мора да сноси одговорност за хаосот кој се случува во јавниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арсовска мора да сноси одговорност за хаосот кој се случува во јавниот градски превоз во Скопје, порача претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, бидејќи како што кажа, откако Владата прогласи кризна состојба ѝ го снабди ЈСП со гориво од државните резерви, градоначалничката во континуитет ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во скопската метропола.

Потреба да свика вонредна седница, според Славески нема, а на приватните превозници им порача да не наседнуваат на манипулациите на градоначалничката. Славески побара од Арсовска прво да достави предлог по кој ќе се утврди висината на цената по критериумот – остварен километар, за приватниот автобуски превоз во главниот град, па потоа да закаже седница.

„Бараме од Арсовска да достави материјал како што тоа го направил тогашниот градоначалник Коце Трајановски во 2017 година. Тој на 17 страници доставил до Советот предлог-ослука за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по остварен километар. Тука има формули, цени на гориво и оваа одлука е се уште во сила. Значи не може со манипулации ‘охрабхри се Трајко‘ и случни фрази, Советот на Град да одлучува за нешто за што нема мислење од стручните служби на Град Скопје“, изјави претседателот на град Скопје, Трајко Славески.

Реклама

Доколку приватниците се решат, како што најавија, да блокираат крстосници, Славески потсети дека во кризна состојба, може да дојдат булдожери, да ги расчистат блокаторите, а на градоначалничката Арсовска ѝ порача дека доколку ескалира состојбата, Владата има мерки и инструменти да го реши овој проблем.

„Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена. Може да ви го направи истото што го направи пред две години, да ви ги прекине договорите и да останете на улица. Може да го направи истото што им го направи на вашите претходници кога им ги укина лиценците, може да останете на улица, без леб. Доколку оваа состојба ескалира заради инаетот на Арсовска, Владата на Македонија, затоа што е прогласена вонредна состојба, има мерки инструменти да го реши овој проблем. Па во кризна состојба доколку дојде до блокирање на улиците се носат булдожери, се расчистува улицата“, рече Славески.

Советничката од Град Скопје, Ирена Витина, која е десна рака на Арсовска, рече дека Славески има обврска пред граѓаните да свика вонредна седница.

„Сметам дека треба веднаш, вечер и утре да свикаме вонредна седница. Сигурна сум дека ќе има кфорум и ќе има заинтересираност од сите советнички групи, бидејќи барањето е проследено од советникот, мислењето е доставено од градоначалникот и нема пречка да се закаже вонредна седница, бидејќи околностите се вонредни“, рече Ирена Витина советник на град Скопје

Арсовска претходно побара од Славески, да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница, а потоа заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе поддржат или не зголемување на цената за превоз на приватните превозници.

Љубиша Владимиров