Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Слаба искористеност на средствата од ИПА фондовите, новата власт со план како тоа да се промени

Македонија последниве години не искористила стотици милиони европски пари од ИПА фондови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија последниве години не искористила стотици милиони европски пари од ИПА фондови за капитални проекти, обелодени министерот за европски прашања Орхан Муртезини. Бројни проекти за кои имало пари на располагање останале нереализирани поради неспособноста или неажурноста на претходната Влада која не изменаџирала безмалку ништо на овој план. Со усвојувањето на реформската агенда Македонија има шанса да икористи нови 750 милиони евра за сите сфери во општеството. Само за тековната 2024-има уште 43 милиони евра кои што не се искористени, а со нив може да се изградат капитални објекти.

Еден од проблемите зошто Македонија зема позајмици, а не ја користи можноста да црпи од европските фондови е дефицитот на стручниот кадар во ИПА структурата. Министерот најави решение за овој проблем со тоа што министерствата и општините ќе вработуваат лица кои ќе прават евалуација и имлементација на проекти со пари од ЕУ. Во речиси сите извештаи на ЕУ болна точка е преоптоварената администрација, но министерот Муртезани вели дека новите кадри нема да ја оптоварат администарцијата туку ќе успеат да ги имплементираат проектите и да ги потрошат европските пари.

Според последните анализи,  дел од овие средства остануваат неискористени, поради неиформираност за можноста за користење, недостаток на добри проекти, како и комплицираната форма за аплицирање. Познавачите на приликите сметаат дека институциите не се подготвени и не ги знаат постапките околу аплицирање во ИПА програмата. Во овој процес треба да се вклучат и универзитетите во земјава, каде има кадри  кои знаат како максимално да ги искористат средствата од европските фондови.