Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Скопските средни училишта добиваат фотоволтаици, Градот започнува енергетска трансформација

Сите средни училишта во Скопје ќе бидат опфатени со проект за поставување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите средни училишта во Скопје ќе бидат опфатени со проект за поставување фотоволтаични системи до крајот на мандатот на актуелниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, со што започнува процес на целосна енергетска трансформација на образовните установи.

Ова беше посочено на денешната седница на Советот од страна на Ѓорѓиевски којшто оцени дека мерката ќе донесе значајни економски и еколошки придобивки, како и дека ќе придонесе кон модернизација на училиштата.

Во своето обраќање пред советниците Ѓорѓиевски посочи дека реализацијата на овој проект ќе биде една од најзначајните инвестиции во јавните установи.

Реклама

Тој истакна дека се работи за исполнување на неговото ветување од неговата изборна кампања, а клучната придобивка, рече, е намалувањето на трошоците за електрична енергија.

– Го потврдувам она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат. Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30 отсто намалување на трошоците за електрична енергија, додека заштедите ќе овозможат подобро управување со јавните средства и поголема финансиска стабилност на институциите, посочи Ѓорѓиевски.

Во делот на еколошките придобивки, тој посочи на значењето на обновливите извори и нагласи дека моделот веќе се применува на локално ниво, односно во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. Според него, новите системи ќе ја трансформираат улогата на училиштата.

– Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град. Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија. Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства. Со оваа инвестиција создадаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината, рече Ѓорѓиевски.