Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Скопските градоначалници подготвени да иницираат законски измени за да ја сменат Арсовска

Данела Арсовска да си даде оставка. Тоа е единствениот спас за Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Данела Арсовска да си даде оставка. Тоа е единствениот спас за Скопје и Скопјани, смета првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски кој вели дека и скопските градоначалници се подготвени да иницираат законски измени за да се овозможи предвремена смена на раководството на Градот.

Чашата ја прели вчерашната седница на Советот на Град Скопје, на која наместо ургенто решавање на горливите сообраќајни проблеми, градоначалничката бараше набавка на 250 еко автобуси, за кои градот нема пари во буџетот.

„За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка. Арсовска нема поддршка ни околу нејзините соработници, директорите на јавните претпријатија ги менува како гуми на шест месеци, знаеме дека станува збор за една личност која е компликтоман по природа и не сака да придонесе за развој на градот. Ѝ беше понудена рака од страна на Владата и министерот за локална самоуправа беше на таа средба заедно со премиерот. Ништо од тоа практично и не прифати“, рече претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Ѓорѓиевски вели барањето на Арсовска да се сервисираат автобусите во ЈСП, не е доволно да се покријат потребите на патниците особено сега од септемри, кога почнува учебната година, односно со зимскиот возен ред.

Тој смета дека проблемите се таложат. Освен со јавниот превоз, проблеми има и во „Водовод и канализација“, во „Комунална хигиена“ и во „Паркови и зеленило“, односно во сите јавни претпријатија, а вината е во менаџерот.

Ѓорѓевски вели дека иако министерот за локална самоуправа Перински, укажал дека со сегашните законски решенија е невозможно да се смени Арсовска, скопските градоначалници се подготвени да ги почекаат измените во законот, а ако треба и да ги иницираат.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека е подготвен да прифати каква било иницијатава, само да се реши состојбата. 

„По барањето на ЗЕЛС, прво е правниот основ, бидејќи ингеренциите, во постоечките законски решенија, содржани во членот 22 од Законот за локална самоуправа, не можат да бидат одземени. Втората основа ни беше што тоа и како ќе биде спроведливо во пракса. Ние бараме инстант решение. Бидејќи надвор има 40 степени, а Скопје тоне во смет“, рече министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

И додека градоначалничката се изема од одговорност, повеќе од јасно е дека на 2 септември во понеделник, градот ќе биде во потполн метеж. Учениците ќе тргнат во училиште, а многу од децата тешко дека ќе можат навреме да стигнат на првиот час со автобус.

Љубиша Владимиров