Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Скопската Зоолошка Градина од денеска повторно отворена за посетители

По 21 ден откако беше затвоерна поради регистирано присуство на птичји грип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 21 ден откако беше затвоерна поради регистирано присуство на птичји грип Зоолошката градина денеска повторно ги отвори вратите за посетителите. Сончевото време ја наполни зоо Скопје, а најбројни и денеска беа најмладите. Граѓаните велат дека дошле без страв и се чувствуваат безбедно.

Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза, по што на терен беа хумано убиени 24 птици. Од таму пак обвинуваа за незаконски упад и масакр врз птиците, што го сметаат за незаконска акција без соодветни докази. Вработените во Зоолошката сега велат дека по затворањето ги имаат испочитувано сите протоколи и дека периодот го искористиле за целосна дезинфекција на местото.

„После тој настан ние бевме затворени 21 ден. Ги испочитувавме сите протоколи кои ни беа наложени, нели 21 ден. За тоа време ја средивме зоо се дезинфицира комплетно. Можете да видите дека има посета внатре е полно луѓето се осеќаат безбедни се е во најдобар ред“, изјави Марија Дојчиновска Зоо негователка.

Реклама

Сите кои побараа да се тестираат дали се заразени со птичји грип, добија негативни резултати. На почетокот беа тестирани двајца, а дополнително, направени беа и епидемиолошки анкети на 16 луѓе.

„Скопската зоолошка беше затворена за посетители пред три недели откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка“.

Љубиша Владимиров