Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Скопје светнува, а од утре ќе стане и град кој конечно ќе треба да понуди и подобри услуги во јавниот сообраќаен превоз

Скопјани дочекаа да се разбудат со празни контенјери. По месечниот хаос со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани дочекаа да се разбудат со празни контенјери. По месечниот хаос со ѓубрето во главниот град, барем центарот на македонската метропола го нема непријатниот мирис и полните канти со смет.

Генералката почна вечерта откако Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата. Над 100 оперативни возила и 800 работници од петокот вечерта со метли и црева за водa во рацете, ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини низ сите делови на Скопје. Акцијата ја спроведуваат екипите на „Комунална хигиена“ од Град Скопје, со помош на механизација и работници. Поддршка даваат и  скопските, но и општините од внатрешноста на Македонија. Се чисти деноноќно, а синоќа бројни екипи го светнаа и градскиот плоштад.  

Механизација влезе и во реката Вардар во главниот град. И рачно се чистеа коритото и косините, се отстрануваше кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.

Реклама

На првата конститутивна седница на Советот на Градот, Ѓорѓиевски најави дека заврши времето кога Скопје беше град на депонијата, а чистењето на градот нема да биде само во период од 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет секој ден.

  • „Она што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака, се, се може. Тоа е наша обврска а за тоа граѓаните не плаќаат. Чистиот воздух многу зелени површини и решение за отпадот се тмелите на еден здрав град“, изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на 07.11.2025.

Стартуваше и расчистувањето на депонијата „Вардариште“, која соред ветувањата на новиот градоначалник ќе се претвори во парк.

Од утре по скопските улици треба да возат дополнителни 55 приватни автобуси.  До крајот на годината уште 20 приватни, а во март идната со поддршка на Владата Градот ќе набавува нови 80 автобуси.

Со цел нормално функционирање на ЈСП со приватните превозници непреклопување на линиите.  ќе се прави и ревизија на возниот ред кои со децении не се променети.

За олеснување на движењето на граѓаните во главниот град стартуваше и проектот со градскиот воз. Две линии треба да стартуваат за шест месеци, и од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути. Паралелно се разгледува и можностите за ставање во функција на БРТ системот.

Ѓорѓиевски го прекина договорот и на околу 400 луѓе кои зимале плата а воопшто не се појавувале на работа. Проблем во градот е и финансиската состојба. На сметка има само 40 милиони денари но и и огромни долгови на јавните претпријатија.