Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Скопје со индекс на загаденост од 187, на 7 место на светската листа на најзагадени градови

Според платформата „Ај-кју ер“, која го следи квалитетот на воздухот на глобално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според платформата „Ај-кју ер“, која го следи квалитетот на воздухот на глобално ниво, Скопје е рангирано на 7. место меѓу најзагадените градови во светот. Со индекс на загаденост од 187, воздухот во главниот град е класифициран како „нездрав“.

Прв на листата е Лахор, Пакистан, по кој следуваат Делхи, Индија, и Вухан, Кина.

Министерството за животна средина и просторно планирање извести дека во Струмица е надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот.

Реклама

Според извештајот од Македонскиот информативен центар за животна средина, среднодневните концентрации на суспендирани честички PM10 надминале гранични вредности на неколку мерни места, меѓу кои Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 2, Кичево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес 2, Кавадарци, Куманово и Струмица.

Граѓаните се повикуваат да ги следат препораките за заштита од загаден воздух, особено оние од ранливите категории, како што се деца, постари лица и хронично болни.