Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Скопје повторно остана без приватни автобуси

Скопје повторно остана без приватни автобуси. Превозниците се лути оти нивното барање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје повторно остана без приватни автобуси. Превозниците се лути оти нивното барање за повисока цена за изминат километар пак не се најде пред градските советници. Иницијативата стигнала доцна, па претседателот на советот немал време да ја прати на мислење кај Арсовска.

„Во оној момент кога ќе стигне мислење од Градоначалник, на следната наредна седница иницијативата ќе биде предложена на дневен ред. Ако не стигне мислење во рок од 30 дена ќе ја ставиме иницијативата на дневен ред без мислење“ – Трајко Славески, Претседател на Совет на Град Скопје.

Веднаш по ова, приватниците експресно брзо се исклучија од сите линии и свирејќи поминуваа крај бараките каде се одржуваше седницата.

Реклама

„Платени сме преку ЈСП, ЈСП не ни дава пари, Градот ни вика мора да работите и врзани ни се рацете. Град Скопје ќе остане тотално без превоз. Упатуваме последен апел – веќе немаме финансиски средства да продолжиме да работиме“ – Влатко Тодоровски, приватен превозник.

Превозниците најавија дека уште денеска ќе се соберат и заеднички ќе решат дали ќе го блокираат градот како пред две години.

„Ќе видиме што ќе кажат, треба да го земеме предвид мислењето и на останатите превозници. Не можеме сами да одлучиме за таа работа, но не исклучуваме. Доколку не се реши, не исклучуваме и тоа да се случи“ – Јовица Зафировски, приватен превозник.

Се пожалија и дека повторно има наталожен долг.

„Од петти месец не е платено. Кај мене должи уште 4 милиони и 900 илјади за петти месец. Како ќе го опслужиш градот?“ – Мемет Асани, приватен превозник.

Приватните превозници се дел од јавниот превоз затоа што ЈСП нема доволно автобуси и возачи и не може да ги одржува сите линии низ брадот. Нивното исклучување дополнително ќе го влоши јавниот превоз во Скопје во период кога автобусите на ЈСП ги троша