Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Скопје наликува на се, само не на европска културна престолнина, титула која треба да ја носи во 2028 година

Необележани улици, неискосени тревници, бруталистички објекти оставени на забот на времето –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Необележани улици, неискосени тревници, бруталистички објекти оставени на забот на времето – ова е сликата за градот кој е во исчекување да стане европска престолнина на културата. Додека градот пропаѓа, Данела Арсовска и раководството на Универзална сала збунети за тоа, кој треба да го спроведува меѓународниот проект доделен од Европската Унија. Скоро цела една година, се уште не е формирана фондацијата, која ќе е надлежна за организација и спроведување на проектот. Во медиумите, Универзална сала и Град Скопје си ја префрлаат топката, за тоа, кој треба да го направи првиот чекор. Иако прашавме за надлежностите, како по обичај, градските служби не одговорија на прашањата на ТВ Алфа. Во меѓувреме, на трнливиот пат кон оваа престижна титула за градот, стојат многу препреки.

Носител на проектот европска престолнина на културата, наречен „Скопје 2028“ е универзалната сала. Пеплосан објект, од кој остана само челична конструкција.

Културните експерти велат, на терен нема изгледи дека главниот град се подготвува. Кога станува збор за спроведување на овој проект, изгледа како градот да е во длабок зимски сон.

Реклама
  • „Кај нас гледаме хибернација, несериозерн и некомплетен пристап за идејата, гледаме една поптполна хибернација. Не фокусот само, универзална да се обнови, фокусот е на тоа, да пулсира градот во очекување на таа половина милионска армија на луѓе, кои што ги интересира културата и автентичното што го носи нашата средина.“ – Изјави експертот за културна дипломатија, Васко Шутаров.

Шутаров вели дека овој проект ќе го засегне целокупното население на главниот град, може да донесе голем бенефит и профит, па важно е институциите да не чекаат со подготовките.

  • „Едно вложено евро во европска престолнина на културата, вече е еппириски докажано дека може да врати 9 евра. И дека идентитетот на една држава, може да биде и економска категорија и да носи економски бенефити.“ – Додаде Шутаров.

Во меѓувреме, македонската престолнина ја чека тежок пат во наредните 5 години. Сликата за центарот на Скопје се недовршените објекти, кој се кријат со тараби, искршени клупи и канделабри, недовршени барокни фасади и општа негрижа. Оваа состојба остава малку надеж дека главниот град ќе ја одбрани титулата „Европска престолнина на културата“.

Никола Цветкоски