Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Прилози

Скопје на плус 40 степени се гуши во смет, смрдеа и прашина

Нечисти улици, преполни контејнери, неподнослива миризба. Среде пеколни температури Скопје се дави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечисти улици, преполни контејнери, неподнослива миризба. Среде пеколни температури Скопје се дави во смет. Граѓаните се револтирани од неработата на градските служби за кои редовно плаќаат, а не добиваат никаква услуга.

Реагираат дека градското комунално претпријатие не си ја има завршено работата како што треба.

Проблемите се евидентни во повеќе делови на метрополата. Градоначалниците во скопските општини велат дека преземаат чекори во рамки на нивните надлежности, кои сепак се ограничени. Клучниот проблем велат е кај Градот кој ги има сите ингеренции. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓеоргивски прстот го посочи кон градоначалничката Данела Арсовска, а неодамна поднесе и прекршочна пријава против јавното комунално претпријатие заради ненавремено собирање на сметот.

Реклама

Практично катастрофата од Шилегов продолжи да се провлекува во изминативе три години со градот Скопје. Скопје генерално личи на една голема депонија. Околу контејнерите што е најтрагично, по неколку дена стои истиот не се собира, дополнително во руралните средини, имаме проблем каде што кантите од домаќинствата не се собираат по неколку дена, таков пример имавме во Драчево, Усје, во Пинтија, во Припор“, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Ѓеоргиевски вели дека ќе продолжи да го извршува делот за кој има овластување и дека во целата работа досега имал позитивен пристап. Тој веќе и како претседател на ЗЕЛС понудил решение за решавање на проблемот со собирањето на отпадот.

Она што нам ни останува е да го сервисираме делот онаму каде што имаме овластување и каде што можеме да делуваме и покрај тоа што нашите служби во споредба со службите во град Скопје се десеткувани, зборам за службите хигиена кои што ние ги имаме како општини. Ние повикавме во неколку наврати, јас како претседател на ЗЕЛС тоа го побарав, да направиме трансформација односно да се растури на некој начин да се подели комунална хигиена, на начин што секоја општина би си земала свои обврски, надлежности, но и би си земала дел од механизацијата, соодветно према територијата и бројот на жители колку што и следува, нормално и вработени и оние кои што им се раководители“, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Од градот Скопје пак вината не ја гледаат кај себе. Оттаму велат дека Комунална Хигиена навремено го собира сметот и дека инспекциските служби биле секојдневно на терен и активно санкционирале со највисоки глоби.

ЈП Комунална Хигиена секојдневно известува за континуирано и редовно извршување на својата работа како и дека е невозможно по несовесни лица кои генерираат прекумерен отпад да се собира истиот надвор од утврдениот комунален ред. Воедно апелираме и до Инспекциските служби на општините и Министерството за животна средина активно да се вклучат за целосно решавање на проблемот“, велат од Град Скопје.

Каква е реалноста, регистрираше камерата на Алфа која затекна контејнери кои се прелеваат или воопшто не функционираат, па граѓаните не можат да ги користат и мораат да фрлаат отпад околу нив. Врие и на социјалните мрежи каде Граѓаните прашуваат каде завршуваат милионите евра даночни пари кои ги плаќаат редовно. Прашуваат дали претпријатието има доволен број на механизација и вработени за навреме го собираат сметот.

Љубиша Владимиров