Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Скопје домаќин на конвенцијата на Европската Aтлетска Aсоцијација

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација, Добромир Карамаринов и со претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, денеска присуствуваше на прес конференцијата по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која за прв пат ќе се одржи во Скопје, од 24 до 27 октомври. Во склоп на овој голем атлетски настан ќе биде и престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” – избор на најдобарите во атлетскиот спорт во Европа.

-Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од Светската и од Европска Атлетска Асоцијација ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за што сум особено горд – истакна министерот Ристовски.

На Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација во Скопје ќе присуствуваат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, вклучувајќи претседатели на национални атлетски федерации во чии редови се наоѓаат многу познати имиња во атлетскиот спорт.

Реклама

Специјален гостин на Конвенцијата во Скопје ќе биде Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската Атлетска Асоцијација и поранешен член на британскиот парламент, носител на олимписки, светски и европски златни медали, член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), а од пред една недела и официјално еден од кандидатите за нов претседател на ИОК на претстојните избори во март наредната година.