Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Скопје добива ново духовно светилиште – Храмот „Св. Константин и Елена“ по 13 години ќе биде осветен во недела

По 13 години конечно заврши изградбата на храмот посветен на светите апостолни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 13 години конечно заврши изградбата на храмот посветен на светите апостолни цар Константин и царица Елена кој претставува ново светилиште во срцето на главниот град. Црквата изгледа импозантно, со позлатени крстови и куполи, фрески и значајни икони. Како што велат од Скопската епархија на Македонската православна црква, храмот ќе биде осветен на 28-ми месецов, а поканети се и сите верници ширум државата.

„По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје – со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан. Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата Света Црква, на 28 септември 2025 година, со почеток во 8:30 часот“ велат од МПЦ-ОА

Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, кога ВМРО-ДПМНЕ беа владејачка партија. Инвеститори се МПЦ-ОА и Фондацијата „Св. Цар Константин“, што беше формирана од МПЦ за нејзината изградба.

Реклама

Изведувач на градежните работи е градежната компанија Бетон, а тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даде огромна поддршка и организираше три донаторски конференции со македонски компании за собирање пари за доизградба на храмот.

Во 2013-та година по доаѓањето на новиот градоначалник во општина Центар, Андреј Жерновски поддржан од тогаш владејачката партија СДСМ, изградбата на храмот беше стопирана. Тогашната власт тврдеше дека изградбата на црквата нема спроведена соодветна документација односно дека е дивоградба. Во тој период граѓаните револтирани излегоа и на протести за заштита на храмот кој требаше да биде белег на Скопје и верниците.

Црквата колку што до тогаш беше изградена, не беше урната ама не се ни продолжи со нејзината изградба, па со години МПЦ и Фондацијата заглавија во долгови од вкупно 4,5 милиони евра кон компанијата Бетон. По повеќе од децинија Скопјани конечно од недела ќе имаат можност да го посетат новиот храм св Константин и Елена.

Давид Крстевски