Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Скопјани со нетрпение ги чекаат локалните избори за да ја сменат Арсовска

Скопјани со нетрпение чекаат промена на градоначалничката Арсовска. Од локалните избори не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани со нетрпение чекаат промена на градоначалничката Арсовска. Од локалните избори не делат неколку месеци, а граѓаните велат дека никогаш досега не било толку лошо како што е сега во метрополата.

Незадоволни се од тоа како досега мајката на градот ги менаџираше јавните претпријатија и бараат подобрување на условите за живот во Скопје.

Сметаат дека секој друг кој ќе стане градоначалник, би можел подобро да го раководи градот Скопје.

Реклама

Дека граѓаните се незадоволни од Арсовска покажа и неодамнешната анкета на порталот „Локално.мк“. 77% од граѓаните ја оценија работата на градоначалничката како слаба или многу слаба, додека 68 отсто воопшто немаат доверба дека таа може да ги реши главните проблеми на градот.

Според анкетата пред локалните избори ВМРО ДПМНЕ има четири пати поголема предност пред пред СДСМ. Во однос на потенцијалните кандидати за нов градоначалник, како најсериозни кандидати во ВМРО ДПМНЕ се издвојуваат министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, потоа Коце Трајановски и Бобан Стефковски.

Од останатите кандидати од другите политички партии, Ѓорѓи Галетановски од СДСМ и Висар Ганиу од ДУИ добија помала поддршка на анкетата.

Анкетата исто така ги идентификуваше најгорливите проблеми со кои се соочува Скопје. Загадувањето на воздухот и јавниот превоз се на врвот на листата приоритети кои граѓаните очекуваат да се решат, додека сообраќајниот хаос и степенот на јавна хигиена, исто така предизвикуваат значително незадоволство.

Инаку истражувањето опфати 1150 испитаници преку телефонско анкетирање во периодот од од 25 до 29 јануари годинава.

Љубиша Владимиров