Реклама

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Македонија

Скопјани се подготвуваат за викенд без вода

Скопјани се подготвуваат за викенд без вода. Вечерва во 22 часот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани се подготвуваат за викенд без вода. Вечерва во 22 часот ќе секнат чешмите, а кога повторно ќе протече вода низ нив, никој од градските властите не прецизира. Санацијата на главниот цевковод во Скопје ќе стартува вечерва и ќе трае додека не се отстрани дефектот.

Водоснабдувањето нема да прекине само во Чаир, Бутел, Радишани, Визбегово, Бардовци, Железара и Автокоманда висока зона. На критичната локација на терен нема ништо, освен што и натаму местото каде треба да започне интервенцијата е заградено.

Жителите на Скопје очекувано прават залихи од флаширана вода. Уште вчера имаше метеж но и празни рафтови во дел од маркетите кои постојано се надополнуваат. Од она што се знае е дека цистерни со питка вода ќе кружат, но само доколку дефектот трае повеќе од 24 часа.