Реклама
Македонија

Скопјани ги испразнија рафтовите во маркетите, флаширана вода тешко се наоѓа

Скопјани немаат мака само со загадувањето. Сериозен проблем ќе биде и водоснабдувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани немаат мака само со загадувањето. Сериозен проблем ќе биде и водоснабдувањето по најавата дека од утре во 22 часот ќе се затвори главната водоводна цевка поради санирање на голем дефект. Ова значи дека најголем дел од Скопје ќе биде без вода додека се санира дефектот. Колку точно, не се знае.

Како што велат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ , вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска улица до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

Останатите корисници ќе бидат без вода. Од јп „Водовод и канализација“ нема информација дали ќе бидат поставени цистерни со вода во болниците, но и низ градот. Во вакви услови граѓаните со право се евознемирени и се купува на големо флаширана вода, која во одредени марекети веќе и тешко се наоѓа.