Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Скопје домаќин на конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Скопје утре и задутре ќе биде домаќин на конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје утре и задутре ќе биде домаќин на конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото.

Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за меѓународни судски односи во САД и член на Советодавниот одбор на CEELI Институтот, Барингтон Паркер, виш окружен судија од САД и Роберт Р. Странг, извршен директор на Институтот CEELI.

На свеченото отворање утре ќе се обратат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова,  Африм Фидани, претседател на Врховниот суд на Македонија, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, како и Дејвид Кемпбел, Роберт Странг и Гжегож Борковски од Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото.

Реклама

Во рамки на конференцијата ќе се одржат пет сесии. Првата ќе биде посветена на довербата на јавноста во судството, на втората сесија ќе се разговара за независноста на судството, а на третата за примената на правото од европските судови во домашниот правен поредок (Суд на правдата на Европската Унија и Европски суд за човекови права). Четвртата сесија е посветена на сегашните и идните примени на вештачката интелигенција во судските постапки и судската администрација, а петтата на комуницирањето на судовите со јавноста за прашања од јавен интерес.