Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Склучено партнерство меѓу владата и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование

Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор за долгорочен економски раст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор за долгорочен економски раст на една земја, па затоа владата преку Министерството за образование со новата национална стратегија ја стави во фокус синергијата меѓу бизнисот и образованието.

Еден од главните фокуси на новата влада ќе биде градењето на високо квалитетни кадри, но истовремено и зелената транзиција.

Владата во соработка со УНИЦЕФ и други компании склучија партнерство со цел на учениците во стручните училишта им обезбедат можности за практично учење со фокус врз јакнењето на зелените површини.

Реклама

„Оваа иницијатива ќе им овозможи на учениците да стекнат драгоцено искуство и знаење што ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд, а истовремено ќе придонесе за поодржлива иднина за сите“, изјави Весна Јаневска министерка за образование.

Првиот вицепремиер Меџити рече дека потребно е земјата да има младина која има познавање и искуство за да може да се соочат со климатските промени.

„Мултидисциплинарноста на овој проблем нуди и такви решенија познавајќи ги физичките карактеристики на климата. Ќе помогнат во иднината да се соочиме и да се справиме со сите други проблеми кои што ги носат климатските промени“, изјави Изет Меџити прв вицепремиер на Македонија.

На дискусијата учествуваше и претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер која рече дека Македонија е регионален лидер според климатските амбиции.

„Ова партнерство се надеваме дека ќе овозможи, ќе доведе до многу важни резултати, значи да имаме посебно зеленување на наставните програми, во кои треба да бидат вклучени повеќе од 8000 ученици и да се погрижиме дека образованиот систем да има капацитети да обезбеди можности за практично учење“, изјави Лесли Милер претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Инаку ова партнерство е дел од глобалното партнерство за зајакнување на образовните системи во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, кое ќе се прошири и на Ангола во 2026 година.

Љубиша Владимиров