Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Скандалозен притисок – 493 крави треба да одат курбан поради политички реваншизам

Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам. Сопственичките, три сестри, од кривопаланечкото село Жидилово обвинуваат дека целата хајка ја започнал поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, уште пред повеќе од една година. Семејството Ѓорѓиевски вели дека Решението во кое се наложува одземање на близу петстотини грла добиток, намерно не им било доставено на време, за да не можат да го испочитуваат рокот за жалба. Сметаат дека поранешниот министер, свесно и намерно ги злоупотребил институциите за да им наштети.

„Се мачеиме веќе седум години. Од претходната власт бевме принудени да избегаме од Македонија од нашата држава и да отидеме во Швајцарија. Се вративме бидејќи почнаа да го уништуваат татко ми. Тој се грижеше за говедата во тој период имавме околу 150, до 200. Продававме, но до таа бројка се држевме. Прво што му се случи го избркаа од работа. Љупчо Николовски точно знае ние кои сме. И лично заканувајќи се, упатувајќи закани кон мојот татко, телефонски и кај ѝ да го види, праќаше луѓе, да му се заканува да не работиме. Сакам да го прашам јавно господинот Љупчо, зошто тие решенија уредно не се доставени до нас“, изјави Јулијана Ѓорѓиевска, сопственичка на добитокот“.

Во Решението за одземање на стои дека добитокот наводно не бил чуван во соодветни услови со што е прекршен Законот за благосостојба на животните. Семејството Ѓорѓиеви, пак, вели дека се се темели на еден инспекциски надзор кој во суштина и не нашол некакви неправилности.

Реклама

„Зад мене се наоѓа шталата во која семејството Ѓорѓиевски целиот живот го чувале добитокот, кои на почетокот во 2024 година властите преку ноќ сакале да им го одземат“

Трите сестри повеќе од една година ја водат оваа правна битка. Ја платиле предвидената глоба, но државата и натаму инсистира дека добитокот мора да биде одземен. Адвокатот Тони Менкиноски кој го ангажирале објаснува дека ова претставува класичен пример на политички реваншизам и злоупотреба на институциите. Поднесена е жалба и од Агенцијата за храна и ветеринарство се бара се поништи претходното решение и да не се одзема добитокот. Поднесени се и кривични пријави против вработени во Министерството за земјоделство кои го изготвиле решнието.

„Се работи за носење на решение за прекршок од страна на минатата власт согласно законот за безбедност и чување на животните. Овој закон мислам дека е донсесен наменски само за оваа фамилија, бидејќи ова е единствено прекршочно решение, со кое оваа фамилија се казнува поради својот политички перогатив кој го имаат, а е обратен на тогашната власт“.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека не можат да го коментираат случајот додека не заврши целата правна процедура. Семејството Ѓорѓиевски се надева дека институциите ќе постапат во нивна корист и дека нема да останат без говедата кои им се единствен извор на егзистенција. Велат дека нивниот пример само може да ги одврати младите луѓе да се занимваат со земјоделство и ќе ги поттикне да си заминат од Македонија.

Љубиша Владимиров