Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

🎥 Скандалот со прислушување утре на седница на Комисијата за надзор над АНБ

„По неколку одложувања и несогласувања – утре во 10 часот конечно ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„По неколку одложувања и несогласувања – утре во 10 часот конечно ќе заседава Собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање. На дневен ред е предлогот за заклучок за вршење на надзор над АНБ, а со седницата ќе претседава Скендер Реџепи.“

„Ваквиот договор го постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале претседателот на Собранието Африм Гаши.“

„Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа“ – изјави Гаши на брифинг со новинарите.

Реклама

Истот ден, веднаш по седницата, неофицијално, членовите кои поседуваат безбедносни сертификати ќе одат во надзорна посета на Агенцијата за национална безбедност.“

Седницата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов, откако во јавноста излегоа информации дека АНБ во изминатите години прислушувала новинари и бизнисмени.“

Проблемите околу одржувањето на седницата произлегоа бидејќи претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи, нема безбедносен сертификат. Од АНБ сè уште нема одговор за неговиот статус, поради што претседателот на Собранието, согласно деловничките овластувања, ја назначи пратеничката Славјанка Петровска да ја води седницата.“

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, изјави дека целата документација е испратена во Обвинителството.“

Со утрешната седница, Комисијата треба да го почне надзорот врз службите – тема која по аферата со прислушувањето ја држи јавноста во неизвесност и отвора прашања за одговорност, транспарентност и безбедност на државниот систем.

Инаку во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над АНБ и Агенцијата за разузнавање – закажувана, па повторно откажувана, и тоа по неколку пати во ист ден. Сценариото се повторуваше со нови термини – прво за петок, потоа за среда, па повторно со одлагања. Најавите за седници една по друга стигнуваа до пратениците, но без конкретен епилог. Новата надеж е дека токму утре Комисијата конечно ќе заседава.“