Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скандал на токсикологија – новата организациска директорка не знае македонски, а на работа оди со татко ѝ

Скандал на Клиниката за токсикологија. Организациската директорка Бесија Илјази не знае македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал на Клиниката за токсикологија. Организациската директорка Бесија Илјази не знае македонски јазик,а преведувачи и се двете секретарки врботени во оваа клиника потврдуваат за Алфа дел до вработените во оваа установа.  Дополнително, Илјази на работа доаѓала со придружба на нејзиниот татко кој постојано бил со неа како да е нејзино обезбедување. Вработените велат дека многу ретко се појавува низ болничките ходници, а за нејзината “таинственост” се задолжени двете службенички.

Економската директорка денеска не собра храброст да се појави пред камерата на Алфа, но затоа вети дека тоа ќе го направи утре.

Од Министерството за здравство велат дека нема ништо спорно во назначувањето на нови организациски директори на Клиниките.

Реклама

“Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор“,велат од Минстерството за здравство.

Иако пред Нова година во владината коалиција беше договорено после избори да се укинат директорите и Клинички да го раководи само еден менаџер, во предизборие се делат решенија.

Пред еден месец новиот министер Илир Демири назначи нови организациски директори на Клиниките за токсикологија, неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална.

Инаку , сегашните 30 –тина медицински и исто толку економски директори, како и управни одбори во секоја Клиника, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните 6 години најавуваа дека ќе ги укинат вторите директори, но тоа не се случи, а долговите на клиниките наместо да се намалуваат растат и достигнаа над 100 милиони евра.