Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Прилози

Скандал на Филозофскиот факултет: Студенти ќе станеле магистри и доктори без да го завршат факултетот

Десетина студенти ќе станеле магистри и доктори по науки, без факултет. Без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десетина студенти ќе станеле магистри и доктори по науки, без факултет. Без завршени додипломски студии тие се запишале на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, за што платиле од 2000 до 6000 евра. Станува збор за 7 студенти на магистерски и 4  на докторски студии. На сите им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Од Филозофскиот факултет велат дека до ваквата состојба дошла најверојатно поради разни интерпретации на законот.

Има разни интерпретации во аргументациите на наставниците и во тие сегменти в кои е постапувано се посочува одреден член од правилникот, кој не е конзистентен или создава некаква, условно, системска нерамнотежа од аспект на одредено толкување. Пред 2018 година актуелниот закон пред да стапи на факултетите согласно стариот закон од 2009 и неговите измени 2011 и 2012 и така натаму, се дозволуваше и со стручни студии тригодишни, факултетите ако  напарават студиски  програми на 2 циклус со 120 кредити, академски, можат да се запишат на посдипломски студии, но законот од 2018 година таа можност не ја дава“, изјави деканот на Филозофски Оливер Бакрески.

Бакрески кој во периодот додека студентите се запишувале, не бил декан,  појасни дека неправилностите се констатирани од страна на Државниот просветен инспекторат, по извршениот надзор на барање на Факултетот и дека парите кои ги уплатиле студентите ќе им бидат вратени.

Реклама

Инспекторатот утврдил дека дел од студентите биле запишани на втор и трет циклус студии без да ги исполнуваат условите, односно без завршен прв циклус академски студии со најмалку 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие поседувале 180 ЕКТС кредити од стручни студии, кои биле комбинирани со 60 ЕКТС кредити од специјалистички студии, што не е дозволено согласно закон.

За овие нерегуларности, како и за други пропусти во работењето на високообразовната установа изготвен е записник со задолженија и донесени се решенија за постапување со соодветни рокови, по што ќе следи повторен инспекциски надзор за да се увиди дали е постапено. За вкупно 7 студенти донесени се решенија за поништување на уписот и стекнатиот статус“, велат од Државниот просветен инспекторат.

Министерката Јаневска изјави дека Филозофскиот факултет веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот, а таа ќе го почека извештајот, по што ќе донесе решение.

Колку што ми е познато, факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај, за кога ќе помине рокот за постапување, како министер овластен во таа област, да го донесам и конечното решение, изјави министерката Јаневска.

Првиот студент на постдипломски студии со тригодишни стручни додипломски студии бил запишан во 2019 година. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осуммина на едногодишни стручни студии. Нема решение од Инспекторатот дали нивните дипломи ќе останат важечки.