Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Сите се криви освен Филипче: Критики за пораките на лидерот на СДСМ на партискиот Конгрес

Пораките за обединување во истовреме со критики за неистиомислениците во партијата само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораките за обединување во истовреме со критики за неистиомислениците во партијата само ќе го дозакопа СДСМ. По Конгресот на СДСМ експертите со критики за настапот на Венко Филипче, кој ги прогласи за Тројански коњи сите оние кои бараат одговорност од актуелното раководство за катастрофалното дереџе до кое ја доведоа партијата. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека ваквите потези на Филипче се најмалку потребни во моменти кога партијата ги доживува најтешките моменти од своето постоење, односно во Собранието се паднати под 20 пратеници, а на локалните избори загубија речиси секаде.

-Мислам дека тенденцијата на делба внатре во политички субјект е во голема мера контрапродуктивна. И ако веќе тоа се прави, тогаш треба од старт да се расчисти со тие кадри, иако овде не зборуваме на некои маргинални ликови од втор или трет ешалон, овде зборуваме за ликови кои биле можеби министри, директори на одговорни позиции, пратеници, градоначалник на главниот град, изјави Ристевски.

Венко Филипче на партискиот конгрес само продолжи со реториката од последниов период. Повика на обединуивање, но изнесе критики дел од сопартијците, вклучително и до власта, каде ја лоцира вината за состојбите во државата. За лина одговорност не спомна ништо. Не само за себе, туку и за оние околу него во најтесното раководство.

Реклама

Напротив, на оние кои го критикуваат дури им порача дека можеле да си заминат веднаш од партијата оти работеле за ВМРО-ДПМНЕ и туги интереси.  Ристевски вели дека и тие кои говореле на конгресот може да влезат во клубот неподобни за партискиот лидер, бидејќи испратиле порака дека треба да има промени во делувањето на партијата.

-Па ако гледаме така дури и оние што вчера јавно се објавија и преку фејсбук статус, вклучувајќи ги и тие што останаа лојални на раководството и дел од нив се нели пратеници, тогаш по таа логика требало и Славјанка Петровска да ја нарече така. Затоа што таа најотворено и најконкретно и на самиот конгрес и преку социјалните мрежи искритикува и кажа кои се промените и кои се чекорите кои треба да ги преземат, изјави Ристевски.

На партискиот конгрес поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, порача дека мора да има промени, велејќи дека ако почнат да се менуваат на крајот ќе исчезнеле. Актуелната партиска политика не е добра ниту според поранешниот министер за внатрешни работи и технички премиер Оливер Спасовски. Вели дека во овие моменти на партијата и е потребно обединување.

Показател дека состојбите во СДСМ се далеку од добри е и што дел од поранешни видни партиски функционери не беа присутни на конгресот. Од поранешните претседатели на партијата присутни беа само Димитар Ковачевски и Владо Бучковски. Иако поканет не се појави Зоран Заев, а не беше присутен ниту првиот претседател Бранко Црвенковски.

Матеја Петровски