Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Синдикатот на М-НАВ: Ако не се разреши раководството ќе го затвориме воздушниот простор

Вчерашниот упад во контролната кула на скопскиот аеродрром е терористички чин. Оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчерашниот упад во контролната кула на скопскиот аеродрром е терористички чин. Оваа го посочил првиот синдикалец на македонската навигација Александар Тасевски кој беше во седиштето на ЕУ да информира за тупаниците што ги добија контролорите на летање.

Синдикатите на Европа и делегацијата на ЕУ во земјава им дадоа огромна поддршка на вработените во М-НАВ во борбата против вработувањето на непрофесионален и необразован кадар.

Доколку не се расчисти инцидентот, македонското небо ќе се затвори на 10 јануари,Тасевски најави генерален штрајк.

Реклама

Додека јавноста е во шок поради вчерашните тупаници во кулата од каде се контролираат летовите на македонското небо, првиот човек на М-НАВ Фахрудин Хамиди го обвини синдикалецот Тасевски за борба за лични интереси, и рече на тупаниците им претходело кошкање како што имало во секоја фирма.

Упад на банда од осуммина и боксови врз контролорите додека давале координати на летовите што ја прелетуваат Македонија е вчерашното сценарио што се случи во кабината на вработените во Македонска навигација.

Вчера некаде околу 15 часот координаторот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на првиот интегративец Али Ахмети. Потоа, заедно со упште седуммина тргна да се пресмета со дел од колегите кои биле од албанска националност, а нему му изразиле непослушност.

Тој со години е висок функционер од ДУИ, а беше и министер за економија во претходната влада.