Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Синдикат на полиција: Внатрешна контрола е претворена во тело за прогон на неистомисленици

Службата за внатрешна контрола на МВР е претворена во тело за прогон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Службата за внатрешна контрола на МВР е претворена во тело за прогон на неистомисленици, која неосновано казнува професионалци – Алармираат од синдикатот на полицијата во Македонија, од каде велат дека злоупотребата на оваа служба ја нарушува севкупната безбедност во државата

  • „Во министерството постои служба наречена внатрешна контрола, која за жал, самата, наместо да се стави во заштита на полициските службеници, често знае незаконито и неправилно да го прогонува полицаецот, на тој начин што, често знае неосновано да суспендира полициски службеници, да прогонува професионалци неистомисленици и со тоа, ја губи довербата на полицаецот и може да се нарушена безбедноста на граѓаните“ – Порача Орце Коцевски – Синдикат на полицијата во Македонија

Според одговорот на барањето за информации од јавен карактер од МВР за ТВ Алфа, од 2017та до 2023, во службата за внатрешна контрола при министерството имало вкупно 8844 пријави, од кои, скоро за половина биле изречени дисциплински мерки, односно, вкупно 4363 полицајци биле изведени пред дисциплинска комисија. Најмногу во 2019 и 2021.

„• 2017 – 553 Дисциплински мерки
• 2018 – 670 Дисциплински мерки
• 2019 – 722 Дисциплински мерки
• 2020 – 524 Дисциплински мерки
• 2021 – 736 Дисциплински мерки
• 2022 – 639 Дисциплински мерки
• 2023 – 519 Дисциплински мерки“ – Пишува во одговорот на барање за информации од јавен карактер од МВР

Реклама

Според истражувањето на Алфа, најголем дел од казните се парични, односно, скратена плата, потоа, министерството на Спасовски ги казнувало полицајците со распоредувања еден степен пониско, откази од работа или писмени предупредувања.

Од полициските синдикати, велат дека прогонот на неистомисленици во министерството за внатрешни работи прераснало во пракса последниве години.

  • „Последните години тоа прерасна во пракса, решение за овој проблем се знае, целосна реорганизација на министерството за внатрешни работи и враќање на професионализмот во полицијата.“ – Додаде Орце Коцевски од СПМ.

Експертите по безбедност тврдат оти дел од полицајците воопшто не се ни бранат кога се нападнати, стравувајќи од одмазда, посебно ако напаѓачите се политички врзани со некој од партиите од власта. Истражувањето на Алфа, дополнитолно откри и дека оние кои нападнале полицајци, ретко кога завршуваат зад решетки. Судовите најчесто им изрекуваат условни казни или други, алтернативни мерки.

Никола Цветкоски