Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Прилози

Синдикална блокада на Собранието: Трендафилов со своите првирзаници им го блокираше патот на пратениците

Две помали групи на две различни локации. Трендафилов со стотина свои приврзаници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две помали групи на две различни локации. Трендафилов со стотина свои приврзаници ги блокираа влезовите на Законодавниот дом, со цел да извршат притисок врз пратениците да го изгласаат решението за 600 евра минималец и најмалку 6000 денари зголемување на сите останати плати. Идејата на синдикалците беше да ги спречат пратениците да наплатат патни трошоци, сепак поголемиот дел од нив беа дојдени на работните места. Првиот синдикалец обвинува дека пратениците дошле порано на работа за да одбегнат соочување со нив.

„Моите информации се дека голем број од нив станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот, за да не се соочат со работниците на улица, затоа што се срамат од своите гласачи што одбиваат да ја зголемат работничката плата“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Дел од пратениците немаа проблем на работа да дојдат и пеш. Битката на синдикатот ја сметаат за легитимна, но имаат дилеми дали ваквите методи и динамика на притисок се соодветни на реалните состојби.

Реклама

„Легитимно е синдикалното барање, тие да бараат, другата страна треба да процени. Актуелната влада се соочи со пустош во институциите, многу голем број дилеми и прашања, многу пари кои недостасуваат во институциите и тоа што треба сите да го работиме и поттикнеме во општеството е на кој начин овие пари се користени во минатото, зошто е дојдено до ваква дупка, зошто сме во ваков безизлез и кои се решенијата што ги нудиме. Како дојдовте денеска? Па, јас често одам пешки, а денеска со автобус, така што не ми е првпат“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Барањата на синдикалците се максималистички, но тоа не е проблем за СДСМ, кој отворено дава поддршка на нивната стратегија.

„Социјалдемократскиот сојуз и јас лично давам поддршка на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата. Денеска дојдовте пешки на работа? Да, често одам јас пешки“, изјави Оливер Спасовски, пратеник на СДСМ.

Дел од присутните синдикалци сметаат дека ваквиот притисок е единствениот начин да ги натераат пратениците да ги изгласаат нивниот законски предлог.

„Протестирам за повисока плата на наставниците… Јас сум работник, така што се однесува и на мене што зборуваат овие луѓе, што го бараат.“

Протестната блокада од пред Собранието во четврток ќе се префрли пред Коморите, а наредниот вторник и пред Владата. Трендафилов најави и собирање на 10.000 потписи, со што работниците би станале овластен предлагач и би поднеле иницијатива за намалување на платите на пратениците и функционерите.