Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром

Заложничка драма и експлозија на скопскиот аеродром. Министерството за внатрешни работи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заложничка драма и експлозија на скопскиот аеродром. Министерството за внатрешни работи во координација со безбедносните служби на ТАВ Македонија успешно ја реализираа вежбата за итни ситуации и вонредни состојби и покажаа како се справуваат со терористички закани.

„Ги тестираме практично капацитетиве на институциите на национално ниво, меѓутоа и на институциите генерално во државава, што не се во делот на владините институции. Во случајот економскиот опереатор „ТАВ“ кој што е одговорен за работа и грижење и функционирање на безбедноста на аеродромите“, изјави Александар Јанев, диреторот на Бирото за јавна безбедност.

„Високото ниво на обука, брзината на реакција, соработка меѓу службите, се клучни за заштита на аеродромската оперативна безбедност. Ова не е само тренинг, ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор на ТАВ Македонија

Реклама

Станува збор за симулирана вежба која треба во иднина да помогне во спречување на потенцијални терористички напади. Во сценариото учестуваа и заложници, а се користеа и пратки од висока вредност и импровизирана експлозивна направа која беше успешно деактивирана. Се тестираше брзината на медицинските тимови и ефикасноста на протоколите за безбедност и комуникација.

„Со зајакнување и почитување на протоколите кои што се пропишани за целата оваа проблематика и нивната имплементација, нѐ мапира нас како држава, но и аеродромот, на високо ниво европско па и светско ниво“,изјави Александар Јанев, диреторот на Бирото за јавна безбедност.

Досега службите се немаат соочено со ваква реална закана од ваков тип. Имало неколку изолирани инциденти, но не биле поврзани со аердромот, а службите одговориле на високо и професионално ниво.

Љубиша Владимиров