Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Симпозиум во Прилеп: Медицинските сестри треба да имаат свои Закон и Комора

Едуцираните медицински сестри иницираат успешни здравствени системи, здрава нација и задоволни пациенти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едуцираните медицински сестри иницираат успешни здравствени системи, здрава нација и задоволни пациенти, нагласи Гордана Бешлиовска, претседател на здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ на денешниот втор симпозиум на медицинските сестри од примарната здравствена заштита што се одржа во киното „Мис Стон“ во Прилеп. 

Ова е 23. стручен симпозиум на сестрите, од сите области, а втор симпозиум на медицинските сестри од превентивата. Медицинските сестри не може да ги застапуваат други профили во институциите каде што се носат одлуките. Најаголемиот проблем се договорите на дело.

-Нашите искуства и сознанија укажуваат дека во Регионот и во Европа, не задоволуваат никаде. Значи, мора да се води континуирана сметка за континуирани конкурси, а не да чекате со статус за договор на дело 2,3,4 години. Ова се провлекува со години и го нарушува достоинството на медицинките сестри. Овие големи настани на стручни симпозиуми говорат дека медицинските сестри се специјалисти во сопствените области, рече Бешлиовска. 

Реклама

Македонските медицински сестри треба да имаат кариерен развој, да бидат дел од образовните процеси. Треба да имааат  сопствена автономност каде треба да понесат сопствени одлуки. А за тоа, треба да имаат свој Закон, своја Комора, компетенции.

-Лекарската комора, не само што треба да ни даде поддршка апсолутна поддршка,туку треба да ни дозволи да сенеме институционално во комисиите и да седнеме таму каде што се носат одлуките за медицинските сестри, нагласува Дебрешлиевска. 

Професор Нико Пеќаровски од Универзитетската клиника за тксикологија од Скопје смета дека медицинските сестри беа, се и ќе бидат рбетот и носителите на здравствениот систем. 

-За да не биде здравствениот систем парализиран, треба и медицинските сестри да си го добијат своето заслужено место, зашто главните извршители кои се грижат за пациентите се медицинските сестри. Со нивното, се враќа достоиството на лекарите. Здравствената професија е хумана, но не значи дека здравствените работници треба да бидат социјални случаи, нагласи Пеќаровски на денешниот втор симпозиум во Прилеп на медицинските сестри од примарната здравствена заштита.