Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

„СИМБОЛИКО“ од Скопје со далеку од симболични цени: „Лапна“ тендер на МВР од 1,9 милиони евра

Операторите на МВР за телефонско и онлајн закажување термини за вадење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Операторите на МВР за телефонско и онлајн закажување термини за вадење на лични документи, тешко се добиваат, ама чинат милиони народни пари. Симболико ДООЕЛ од Скопје со далеку од симболични цени, речиси 2 милиони евра доби тендер од Министерството за внатрешни за оператор кој овозможува телефонско закажување и вадење на лични документи во наредните 3 години, согласно договорот на јавни набавки.

За давање информации на граѓаните за потребни документи и процедури и за онлајн закажување термин на страната на министерството, Симболико инкасира вртоглави 1,9 милиони евра и тоа само од последниот добиен тендер.

Реклама

Носителот на услугата се обврзува услугите да ги извршува со технички пероснал и професионални технички средств секој ден од понеделник до пето во термин од 08-20 часот. Услугите ќе се извршуваат во период од три години на места определени со техничката спецификација. Носителот на услугите ќе започне со работа најдоцна 10 дена од склучување на договорот, стои во извадок од тендерот на МВР и Симболико ДООЕЛ Скопје

Покрај овие 1,9 милиони евра, во месец август годинава за истите услуги телефонско закажува и онлајн закажување на вадење документи, Симболико зеле уште 230.000 евра. За скапата инвестиција на МВР преку која граѓаните тешко доаѓаат до термин, оваа скопска компанија од 2021 година па наваму зеле речиси 3 ипол милиони евра од државната каса за оператор преку кој телефонски и онлајн граѓаните закажуваат термини.

Во последниве пет години, компанијата бележи подеми и падови. Најдобро им одело во 2021, кога биле евидентирани: вкупни приходи од 2,2 милиони евра и добивка од над 380 илјади евра. Инаку и во 2021 давале услуги за МВР. Тогашниот тендер бил во износ од скоро 480 илјади евра.

Оваа компанија заедно со компанијата Алфазет, пред две години зема тендер од 3 милиони евра од Државната изборната комисија како подизведувачи на германска фирма која за 11 милиони евра од државна каса ги произведе читачите на отпечатоци за претстојните избори.