Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Силјановска: Kaко Собранието ќе толкува член од законот за помилување за кој велат дека не постои

Уставниот суд одлучи, засега нема да чепка во аболицијата од Иванов, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд одлучи, засега нема да чепка во аболицијата од Иванов, ќе го чека автентичното толкување од Собранието на членот 11 од Законот за помилување. По три и пол години чување во фиока на иницијатива, Уставниот суд ја враќа во игра аболицијата од 2016та година за 56 лица. Судиите ќе ја преиспитуваат уставноста на членот 11 а – односно дали шефот на државата може да повлече еднаш дадена амнестија.

Власта иницираше автентично толкување на членот 11 од истиот закон. Владата процени дека Иванов немал правна основа да помилува осомничени, па го прифатија мислењето од Министерството за правда да се поддржи барањето за автентично толкување на членот 11 кој дозволува помилување, а посочуваат дека е укинат уште во 2009 година.

Правните експерти во прашалници, како е можно извршната власт да бара автентично толкување за член за кој самите велат дека не постои.

Реклама

Ако не постои за Владата членот 11, тогаш како тоа ќе посегне Собранието кон автентично толкување на нешто што не постои…. Ако имате член 11 А , а- то нема никаква логика да стои без 11…Како ќе оценувате нешто што велите не постои, истакна професорката Силјановска.

Дали сето ова има политичка заднина,Силјановска не посочи конкретно, но се сомнева на кого најмногу би му одговарало. Силјановска му порача на Уставниот суд за целата ситуација околу помилувањата да побара мислење од Венецијанската Комисија .

Мери Ѓорѓиевска