Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Силјановска го доби уверението од ДИК дека е избрана за претседател

Гордана Силјаноска Давкова официјално стана првата жена претседател на Македонија. На денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Силјаноска Давкова официјално стана првата жена претседател на Македонија. На денот на нејзиниот роденден, Државната изборна комисија и го издаде Уверението за избран претседател согласно резултатите од вториот круг на претседателските избори кои се одржаа на 8- ми мај. Универзитетската професорка, според конечните резултати го победи Стево Пендаровски со над 300 илјади гласови . Уверението на Сиљановска Давкова ѝ го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата ѝ посака успешен мандат. За изборните резултати за Претседател до ДИК немаше поднесено приговори

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%, соопшти Александар Даштевски претседател на Државна изборна комисија

 Откако Државната изборна комисија достави извештај до Собранието, Парламентот ја закажа седницата за инаугурацијата.  Силјаноска Давкова ќе даде заклетва пред стариот парламентарен состав утре напладне по што започнува да тече нејзиниот мандат , а утре истекува и мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Реклама

Инаку, Гордана Силјановска-Давкова се вселува во Вила Водно како шести претседател на Македонија, а  со тоа Македонија стана седма европска држава со жена претседател.   Главните ветувања на универзитетската професорка за време на кампањата беа дека  ќе ја врати почитта на позицијата претседател на државата, а за разлика од досегашниот Пендаровски одлуките ќе ги носи со државен консензус. Најави и дека ќе биде коректор на централната власт и нејзин критичар доколку тоа е потребно и претседателска на сите граѓани.